Што вика Уставот на Република Македонија околу слободата на движење? – Александар Маркоски
Едно од позначајните права кои се поврзуваат со слободата на човекот, е слободата на движење и домување. Oваа слобода на секој граѓанин на Република Македонија, уставот ја утврдува како право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште (регулирано со членот 27 од Уставот). Оваа слобода го вклучува и правото на граѓанинот да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката.Од друга страна, слободата на движење не може да се сфати во апсолутна смисла затоа што можат да се појават случаи кога таа мора да се ограничи. Тие ограничувања можат да се определат само со закон и тоа единствено во случаите кога тоа е потребно поради: прво ЗАШТИТА НА БЕЗБЕДНОСТА НА РЕПУБЛИКАТА;
Второ, ВОДЕЊЕ НА КРИВИЧНА ПОСТАПКА; трето, ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО. Ограничувањето на слободата на движење и домување е под овие јасно утврдени услови, кои упатуваат на нивно рестриктивно користење.Така да допрва че биди интересно со глупоста околу возачките дозволи која се коси со Уставот. А студент на прва година на правен факултет, првата работа шо ја учи е дека Уставот е највисокиот и најважниот правен акт во државата. – ФБ статус на адвокатот Александар Маркоски