Денеска се празнува Зачнувањето на Света Ана: Празник на чудото и надежта за сите родители

Сподели на:

Православните христијани денеска, на 22 декември (9 декември по стар стил), го празнуваат Зачнувањето на Света Ана – денот кога започнала историјата на спасението на човечкиот род со зачнувањето на Пресвета Богородица.Овој празник е посветен на праведните Јоаким и Ана, родителите на Мајката Божја, и на чудото што Бог го направил по нивните долгогодишни молитви.

Според преданието, праведните Јоаким и Ана биле бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. Во тоа време, да се нема деца се сметало за голема несреќа и Божја казна, поради што тие често биле изложени на прекор од луѓето.

Но, тие не губеле надеж. На старост им се јавил Архангел Гавриил, секому посебно, и им донел радосна вест – дека нивните молитви се услишени од Бога.

„Ќе родиш ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена“, била пораката на ангелот.

Тогаш Ана зачнала од својот маж и по девет месеци ја родила ќерката, Пресветата Дева Марија – Богородица, која подоцна станала мајка на Исус Христос.

Овој ден особено се почитува од страна на жените и мајките, како и од оние парови кои се молат за пород, верувајќи во застапништвото на Света Ана.

За многу години!

Сподели на:

Слични Објави