Денес од 13ч ПОБЕДА-ШКУПИ

Сподели на:

Фудбалерите на Победа, се враќаат на првенствените обврски. По двонеделна пауза поради репрезентативната пауза предизвикана од УЕФА и Светското првенство и слободното коло по откажувањето на Ренова, се влегува во завршницата на есенската полусезона.

Прилепска ПОБЕДА денес од 13 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе бидат домаќини на шампионот Шкупи. Првиот меѓусебен меч на двата противници одигран во Скопје во рамките на 5-тото коло заврши без победник 1:1.

Фудбалерите по серијата киксеви од стартот на сезоната ја подобрија формата и со 6 победи и 2 нерешени во последните 8 кола се вратија во борбата за 1-то место и одбрана на титулата. Несомнено Шкупи има поквалитетен ростер и поголем фонд на играчи, но ПОБЕДА и во Скопје покажа дека можи да се носи со фаворитот. За избраниците на Бабунски само максимален ангажман и залагање во 90-тте минути , слично на мечевите кога беа остварени победите над Брегалница и Струга, е рецептот за поволен исход во денешниот меч. На располагање се сите играчи освен Паноски, комплетно се рехабилитира младиот репрезентативец Рамани, па може да се рече дека во најдобар состав Победа ќе се спротивстави на Шкупи.

Денес 13 часот сите на градски!

Сподели на:

Слични Објави