Демант на синдикалната организација ЈКП”Водовод и канализација” после обвинувањата од СДСМ Прилеп

Сподели на:

Демант на синдикалната организација ЈКП”Водовод и канализација” после обвинувањата од СДСМ Прилеп

Штрајк нема!

Во целост ви го прикажуваме нивниот демант

Почитувани,

 Синдикалната организација на Синдикатот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ја информира јавноста дека во целост го демантира вчерашниот прес на една политичка партија за штрајк на вработените.
Во овој момент во ЈКП нема најавено и не се одвива штрајк.
Имено, јавноста треба да биде информирана дека репрезентативниот синдикат на нашето претпријатие, член на СУТКОЗ, во кое членуваат над 95% од вработените е сериозна организација која ги почитува законите и работи според нив. 
  Во овој момент се одвива интензивна комуникација и социјален дијалог помеѓу Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп,  Управниот Одбор при истото и Синдикалната организација  при  ЈКП „ Водовод и канализација “  Прилеп, член на СУТКОЗ,  за усогласување на платите со законот за минимална плата.
Според Законот за работни односи член 236, во делот за права и обврски за време на штрајк, точно пишува како се поведува, како се најавува, како започнува и како се спроведува, поточно како се организира штрајк. Социјалниот дијалог и понатаму ќе се одвива и сме убедени дека ќе успееме во нашите барања. Синдикатот и неговите здруженија  остануваат на страна на работниците и одбрана на нивните права  и ќе презема дејствија согласно Уставот, Законите и Колективните договори.

Со почит,
                                                     Синдикална организација
            на Синдикат на ЈКП „Водовод

Сподели на:

Слични Објави