Доколку не послушаа за данокот, сега горивото ќе беше поевтино изјави Мицкоски

Сподели на:

Доколку го намалите данокот, тогаш тоа нема ефект, даночната основица повторно е голема и повторно ќе имате зголемување на цените на основните артикли во маркетите.

Затоа ние сакавме да зафатиме со нашиот предлог повеќе во даночната основица, отколку во данокот на додадена вредност. Се со цел да го заштитиме колку толку стандардот на граѓаните и да не дозволиме зголемување на цените. Ако го прифатеа тоа што ние го предложивме, тогаш безоловниот 95 и 98 октани, даночната основица ќе беше некаде за 11 денари по литар помала а дизелот ќе беше некаде околу 9 денари поефтин отколку тој што го предлага Владата. Изјави Мицкоски на социјалните мрежи, после гостувањето на интервјуто на Алфа ТВ.

Сподели на:

Слични Објави