Екс директорот на ЕСМ Васко Стефанов со лисици спроведен во Кривичен суд
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов со лисици беше спроведен во Кривичниот суд, објави Алфа телевизија. Тој е еден 23-та осомничени за криминал во Електраните на Македонија, вреден 6,5 милиони евра.
Стефанов е приведен синоќа на ГП Табановце. Подолг временски период бил отсутен од Македонија, а се вратил наводно откако дознал за случајот. Стефанов бил прифатен од полициските службеници на граничниот премин и спроведен во полициска станица на распит.
Од Обвинителството соопштија дека во овој случај се опфатени 23 лица, за криминал тежок 6,5 милиони евра.