Фатмир Дехари доби кривична пријава за несовесно работење
Кривична пријава за Фатмир Дехари поднел ОВР Кичево, сомничејќи го дека од 2016 година досега, склучувал договори за вработување на пожарникари со некои лица и договорите не ги раскинувал по една година, иако тие немале уверенија за квалификација на пожарникари, како услов за работа во Територијалната противпожарна единица Кичево.
Кичевската полиција го товари доскорешниот кичевски градоначалник за „Несовесно работење во службата“ во неколку мандати


