Мицкоски: Ако сака власта уставни измени, ајде на избори за народот да одлучи
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, ја повика власта доколку сака уставни измени тогаш да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори за граѓаните да можат да одлучат, потенцирајќи дека Заев во 2020 година на изборите не излегол со понуда за да менува Устав за влез на бугарите во него.
Ако сакате да менувате во уставот, тогаш повелете излезете на избори, прашајте ги граѓаните, па тие нека одлучат. Така е во скандинавските земји, во Шведска е така, ако сакате да менувате устав, тогаш извинете излезете, па менувајте. Не излезе Заев во 2020 година, Ковачевски воопшто не ни излезе на избори, ама еве Заев не излезе со програма да менува Устав па да рече еве јас ќе го менува Уставот, ќе ги внесувам бугарите, па гласајте дали сте за мене или не сте за мене, посочи тој.
Мицкоски нагласи дека ниту тој, ниту опозицијата не е виновна што владата на СДСМ не размислила кога носела политички одлуки без претходно да обезбеди општествен консензус.
Ниту јас, ниту опозицијата не е виновна што некој повлекуваше политички потези без да обезбеди општествен консензус, истакна Мицкоски.