Мицкоски ќе го претставува Балканот на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон

Сподели на:

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата како лидер од Балканот. Од Владата посочуваат дека можни се и повеќе други средби.

За време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер треба да се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со извршниот директор на Рамбл, Крис Павловски.

– Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Очекувам да го привлечам вниманието за САД да гледаат кон Балканот со поинваква оптика. Мора прво регионално да го привлечеме вниманието – Вашингтон да гледа кон нас како регион, а не како единка во тој регион – изјави Мицкоски во интервју.Министерот за транспорт Александар Николоски синоќа во телевизиско интервју информира дека тоа што премиерот Мицкоски доби покана да присуствува на инаугуирацијата на Трамп е огромна и ретка работа, и веројатно од регионот е единствениот што ќе присуствува.

Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави.

Сподели на:

Слични Објави