Намалена видливост поради магла во Тетово, Битола и Прилеп
Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патните правци во Тетово, Битола и Прилеп. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од Автомото сојузот на Македонија утринава информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.