|

Општина Прилеп потпиша меморандум за соработка

Сподели на:

Денес, Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески учествуваше на настанот од УСАИД каде се потпиша и меморандум за соработка меѓу општините во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

На денешниот настан „Нови партнери и подобро општинско буџетирање“ во организација на Проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ како општина Прилеп потпишавме Меморандум за соработка. Проектот е спроведуван од Кардно Емерџинг Маркетс САД, ЛТД., чија цел е преку партнерство со Владата на Република Македонија и единиците на локалната самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална децентрализација – Изјави Јовчески.

Сподели на:

Слични Објави