Партиски претседател на СДСМ го нападнал лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица
ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја информира јавноста за уште еден инцидент и немил настан.-СДСМ Струмица во очај заради неуспешоста на уцените, заканите и пристисоците врз граѓаните преминува во употреба на физичко насилство. Неможејќи да се соочат со изборниот пораз во Општина Струмица, со поразот во Банско и слабата поддршка од граѓаните, раководството на СДСМ по поразот се служи со притисоци врз своите членови истовремено со закани и директни напади на активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска 03.05.2024 година во текот на денот од страна на активист и претседател на СДСМ во Банско, Даме Тренчевски, во маркет, физички и со употреба на сила е нападнат Претседателот на младите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Андонов, велат од партијата.
Нападот уредно е пријавен пред надлежните органи, а за овој инцидент ОК ВМРО-ДПМНЕ ќе ги извести претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Република Македонија.