Поранешниот министер за економија на ДУИ, Крешник Бектеши приведен во полиција
Крешник Бектеши, поранешниот министер за економијае повикан разговор во полиција. Бектеши е повикан на распит во полициската станица во Карпош.
Како што објавивме претходно, додека тој бил министер за економија, тогашната државна секретарка на Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ, потпишала фалсификувана лиценца за работа за дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши, ја потпишала фалсификувана лиценца.
Да министерство за економија ја има издадено, потпишана е од тогашен државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Со цел ризик дека сето ова може да предизвика процедурални пропусти, но во интерес на јавноста јас сум тука да ги соопштам и овие детали доколку ме прашувате, истакна Мицкоски.
Курир претходно пишуваше дека од извори во истрагата дознава дека дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.
Фалсификуваната лиценца била издадена во времето кога министер за економија бил Крешник Бектеши од ДУИ.