Прилеп го одбележа „Свети Никола“ – патронот и заштитникот на градот
Денес го одбележуваме големиот христијански празник „Свети Никола“ – патронот и заштитникот на нашиот град Прилеп.
Овој ден е симбол на љубов, заедништво и добрина, празник кој што не обединува сите, и како домаќини во нашите домови и како драги гости тука каде што заедно го споделуваме празничниот дух.
Свети Никола е симбол на хуманост, добротворност и грижа за немоќните и сиромашните. Неговото дело е патоказ и инспирација како да ја градиме нашата заедница врз основа на добрината, разбирањето и солидарноста.