Трагична сообраќајка, едно лице загинато
Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.
„Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка “мерцедес”, “опел корса” и “хјундаи”. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија“, изјави Трајанова.
Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.