Трибина за Велигденската традиција во современото општество

Сподели на:

Велигденските празници се пред нас па со таа цел Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп одржа трибина на тема: Велигденската традиција во современото општество. Трибината се одржа во кино салата каде и настана дебата околу традицијата и начинот на празнување на најголемиот христијански празник, Велигден. Гостин на настанот беше и Претседателот на совет Дејан Проданоски, а меѓу говорниците беше и Претседателката на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ Прилеп, Биљана Кузманоска и нејзиното обраќање во целост ви го прикажуваме:

Почитуван претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП Дејан Проданоски, почитувани членки на Унијата на жени, почитувани гости.
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денот на Христовото воскресение, се чувствувам почестена и радосна што имам можност да Ви поскам срдечно добредојде на оваа трибина организирана од страна на УЖ на ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП.
Деновите што ни претстојат се длабоко и нераскинливо вкоренити во срцата на македонските христијани, тоа се денови на радост и силна верба…
Традицијата на еден народ е олицетворение на сето богатство што може да ја претстави една земја, во која минатото оставило скапоцени траги, таква земја е нашата Македонија.
Актуелните состојби во Р. Македонија нѐ ставаат на уште поголемо искушение за поголемо сплотување кон патот за одбрана на македонската кауза, македонската црква, традиција и име. 
Македонската жена е стожер во општеството, ѕвезда водилка во религиската поставеност на семејството, силен и мудар заштитник на својот дом и пред сѐ големина од човек која знае да ги постави моралните и етичките вредности на вистинското место во мозаикот на животот. Празниците се наша традиција, наша исконска вистина што нѐ одржувала со годините во минатото, македонската жена била токму тој „кремен камен што не се искршил од времето и невремето“ што постојано го удирале годините на минатото.
Затоа драги мои во чест на сите жени што сте овде присутни, во чест на нашата македонска традиција вечерва, гости на оваа трибина се почитуваниот Роберт Конески Специјалист по религиско образование и дипл.теолог, наставник во ООУ Блаже Конески – Прилеп, кој ќе ни зборува за значењето и празнувањето на Велигден во традицијата и современоста. И почитуваниот Горјан Василески магистранд по византилошки науки кој ќе ни зборува за Христијанството во колективната свест на македонскиот народ. 

Чест и задоволство ми беше што бев дел од оваа претпразнична вечер и сакам само да кажам да продолжиме и понатаму во духот на нашата македонска традиција и во светлината на велигденските празници и воедно. Ве повикувам заедно гласно и храбро да се бориме за подобра иднина на нашите поколенија и за просперитет и развој на нашата света земја Р. Македонија.

Сподели на:

Слични Објави