Уапсен е Васко Ковачевски во голема акција на МВР
Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино. Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.