ВМРО-ДПМНЕ на средба со тутунарите од прилепско

Сподели на:

Претседателот на комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП Дејан Проданоски и пратеникот Петар Ристески денес остварија средба со незодовлните тутуно производители од прилепските села во Беровци, на средбата изјава за медиумите даде Цветан Трипуновски:

Оваа средба е затоа што ние постојано ја следиме ситуацијата во земјоделството, не само во тутунопроизводството туку во сите земјоделски гранки. Ако знаеме дека во минатото откупот започнувал на 15-20 ноември, денеска сме на пет дена пред законскиот официјален почеток на откуп на тутун, гледаме дека се уште не се откупува тутунот. Од една страна тутунарите бараат поголема цена бидејќи моменталната цена е нерантабилна, министерството молчи и имаме некакви импровизирани состаноци меѓутоа немаме ништо конкретно на тој план. Ние денеска, како опозиција, сме постојано на терен, да разговараме со тутунарите, си ја укажаа својата тешка ситуација дека цената е нерентабилна, дека бараат покачување, дека министерството не ги зима впредвид нивните барања. Затоа од оваа средба и оваа дискусија преку медиумите упатуваме една сериозна критика до власта дека не треба да се однесува игнорантски кон најголемата категорија земјоделци во Републука Македонија затоа што бројките кажуваат дека тутунопроизводството е донесено пред колапс, ако во Македонија се произведувале преку 25 до 30 милиони килограми тутун, денеска оваа реколта едвај можеби ќе тежи 12 до 13 милиони килограми, тоа е речиси за 100% намалување на количината на тутун. Оваа критика која што ја упатувам и апел до власта е да во последниве денови седне на заедничка маса заедно со тутунарите и откупувачите преку Тутунскиот комбинат Прилеп, кој што е единствениот законски механизам кој што треба да го поведе орото во откупот на тутунот преку своите коперанти да ја зголемат цената на тутунот по класи кој што треба и другите компании да го следат, тутунарите треба да бидат задоволни, пред се заради најголемата категорија земјоделци и државата има девизен прилив по однос на оваа категорија, односно на продажба на тутун, и нормално да ги задржиме земјоделците да опстојат. Со ваква тенденција, со ваков игностантски однос, ние ќе ги изгубиме и тутунарите како најголема земјоделска категорија. На пет дена пред откуп да немате конкретен став, да немате одговор на прашањата на тутунарите, да не понудите решение е крајно несериозно.

Сподели на:

Слични Објави