Во 2025 година пет продолжени викенди

Сподели на:

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.

Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник – 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и за Курбан Бајрам, кој е на 30 март, па согласно закон се префрла како неработен ден за понеделник 31 март.

Граѓаните подолго за викенд ќе одмараат и за христијанскиот празник Велигден, кога неработен ден за сите граѓани е 21 април (понеделник) Велигден. За време на овие празници за верниците од православна вероисповед неработен е и Велики Петок – 18 април.Продолжен викенд ќе има и Денот на независноста – 8 Септември кој годинава е во понеделник, како и за 8 декември – Свети Климет Охридски, кој исто така е во понеделник.

Неработни денови за сите граѓани се и 1 мај (четврток) и 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ (сабота), 1 јануари (среда), Нова Година, 2 август (сабота) Ден на Републиката, 11 октомври (сабота), Ден на народното востание, и 23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба.

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици),18 април (петок) – Велики Петок, 6 јуни (петок) – Духовден, петок пред Духовден, како и 28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

Сподели на:

Слични Објави