Вучиќ доби уште еден претседателски мандат во Србија, освои околу 60% од гласовите
Во Неделата се одржаа парламентарни и претседателски избори во Србија, на кои право на глас имаа 6.502.307 граѓани на Србија и бираа пратеници и Претседател на државата. Од првичните резултати кои ги објави Републичката изборна комисија на Србија дознаваме дека 58,5% од гласовите добил Александар Вучиќ, 18,1 % Здравко Понош. На парламентарните избори исто така победник е партијата на Александар Вучиќ. 1,600.000 граѓани со право на глас имаше во главниот град Белград, а околу 100.000 граѓани од Косово и Метохија можеа да го остварат своето право на глас во Србија, во пограничните места со Косово.