За 1-ви мај ќе биде ветровито, но постабилно и релативно суво време

Сподели на:

За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде и потопло со повисоки температури на воздухот.Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Сепак, во попладневните часови можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но ова и не би било нешто сериозно, што значи може да си го планирате празникот за на отворен простор и за правење скара на отворено.

Инаку, температурите за 1-ви мај ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Сподели на:

Слични Објави