Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Плетвар
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, Плетвар, Барбарос и Маврово. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502
