Новогодишен базар во Општина Ресен
На градскиот стадион каде се одржуваше новогодишниот базар на кој беа изложени новогодишните изработки на дечињата од основните училишта, градинките домот на културата, центарот за лицата со посебни потреби и ОКР, на необичен начин Градот Ресен го посети Дедо Мраз. Пристигна со голем син балон кој полека слета на стадионот опкружен со снегот кој непрекинато паѓаше минатите три дена. Беше големо изненадувањето за сите посетители, возрасни и деца кои имаа можност да се качат и да полетаат во воздух заедно со него и да се сликаат во балонот. Волшебна беше глетката да се види балонот опкружен со насмевки и џагор на дечињата кои добиваа подароци од Дедо Мразот кој ги донесе во балонот.