После долго време почна со работа ресторанот во Крани
После подолго време и на барање на посетителите вечерва започна со работа ресторанот во автокампот Крани на Преспанското езеро. Реновиран со нова свежина ново мени со пристапни цени и ново име – Преспанска оаза. Сопствениците уверуваат дека ќе биде успешна приказна. Па вие сте на ред да проверите и да го посетите Ресторанот во автокампот Крани кој секако буди и стари спомени.



