Роденденската забава на Прилепска пивара ја привлече пола Македонија (ФОТО)
Вчера вечер Прилеп беше центарот на забавата и музиката во Македонија, а за сето тоа беа заслужни организаторите од Прилепска пивара кои ја изменаџирале целата манифестација на едно високо ниво. Добра музика, пиво по багатела цени, прилепчани како добри домаќини сето тоа спаковано во вчерашниот настан односно роденденот на Прилепска пиварница.
Забавата започна со диџеј сет потоа следуваше настапот на ДНК, па Тропико бенд и за крај Марија Шерифовиќ. Ефтините цени и богатата музичка програма го наполни плоштадот во Прилеп со гости од цела Македонија.