Почитувани вработени во Министерство за внатрешни работи , почитувани членови Со огромно задоволство Ве известуваме дека денес 01.04.2022 година со почеток во 08.00 часот делегација на Синдикат на Полиција во Македонија предводена од претседателот Орце Коцевски го одржа својот прв и официјален состанок со Министерот Оливер Спасовски Социјалниот дијалог е како никогаш досега” рече нашиот единствен и незаменлив Министер Оливер и продолжи: “Денес со претседателот на СПМ ќе потпишеме Меморандум за соработка, веднаш ќе отпочне да се сопира членарина на СПМ и конечно да ја исправиме таа неправда која им ја стори еден Министер и тоа првиот ден кога седна на министерската фотеља”. Средбата беше на одлично и незавидна ниво и на самата средба можеме како Синдикат да се пофалиме дека се постигнати следниве решенија и резултати а воедно и Министерството за внатрешни работи денес ќе излезе со официјален став и соопштение На средбата беше договорено: Зголемување на платите за сите вработени во Министерството и тоа 1ЕВРО ~ 1 БОД почнувајќи од 01.05.2022 година, Измена на ШТЕТНИОТ Колективен договор на МВР, конечно набавка на сите видови на униформа и почеток на “ваучер” системот (рок 15 дена) прекинување на незаконските распоредувања и писмени наредби – рок веднаш ставање на течен сапун во тоалетите на сите згради со седиште во МВР, ставање на тоалетна хартија во тоалетите на сите згради со седиште во МВР, Од денес престанува вознемирувањето на работниците во МВР, од денес ќе бидат распоредени професионалци на чело во МВР Виртуелната”Љубов” со Докторот ќе стане минато. Наш предлог е Министерот почесто да се појавува по медиумите оти јавноста ќе заборави дека “Е НАЈДОБАР” Со драго срце прифатен е нашиот предлог, Министерот наместо досегашните 8 постови на социјалната мрежа дневно да објавува по 15 и да го потвди митот дека неговиот рејтинг е повисок и од (појма немаме од што) Имавме многу теми отворено али овие се најбитните… На фотографијата пред црвениот тепих пред Владата е Министерот Спасовски кој пред 2 дена “влета” на протестот на СПМ и вети дека сите проблеми во Полицијата експресно ќе ги реши овојпат без посредство на “единствениот и незаменливиот”
Почитувани, пред нас е уште еден светски ден на шегата и смеата Светот се чини запре со се останато и сите се насочени кон откривањето на наредниот ” реконструиран” објект во МВР, но барем малку денеска обидете се да бидете и останете позитивни и да го подобрите вашето расположение во услови на овие денови на течење “мед и млеко” во МВР И да, ова погоре е шега ( и фотографијата), за да биде така како што е напишано треба некој да се труди да биде така нели наш единствен министре!
Почитувани сограѓани, 8 – ми мај е денот кога сите, ние, граѓаните на Р. Македонија, треба да одлучиме за нашата иднина и иднината на нашите поколенија. Ова е последната шанса да ја однесеме државата на вистинскиот пат. А тоа може да го направиме само со јасна визија, програма и проекти кои ги изработивме заедно со…
Рамнотежата помеѓу деловните обврски и приватниот живот се повеќе се истакнува како важен фактор за квалитетен живот. Треба да размислите и додека сонувате да се преселите во земја идеална за живеење, бидејќи понекогаш работите не се баш како што ни изгледаат од далечина. Параметрите кои се земаат предвид при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот…
На 31.07.2023 во 16.12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Димитрије Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „форд транзит“ сопственост на МВР и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(25) од Скопје. -По незгодата, Д.Н. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани телесни повреди, информира…
Во населбата Бончејца во Прилеп е изгубен малиот Кирче со својот тротинет. Секој што го има забележано нека ѕвони на 075794972 или во Полиција! СПОДЕЛЕТЕ!
Предмалку добивме информација дека имало дојава за наводно поставена бомба во Народна банка . МВР е на терен и наскоро ќе известеле за ситуацијата во НБРМ. Од очевидци : “Врие полиција околу зградата,, – според непотврдени информации се проверува дали дојавата за бомба е лажна.
Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ…