|

Вечерва отворен МТФ Војдан Чернодрински во Прилеп

Сподели на:

По 56 ти пат театарската сцена во Прилеп ќе биде светлината каде што на најдобар можен начин ќе бидат отсликани стремежите на нашите творци.
Mестото каде што на најдобар начин ќе биде дефинирана и презентирана суштинската потреба од театарската уметност во Република Македонија.
Од вечерва ќе имаме можност да уживаме во симбиозата на најактуелното од театарот во земјава, театарот кој е извор на инспирација и затоа не сплотува.
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е насушна потреба не само за Прилеп, туку и за Република Македонија, бидејќи ја отсликува потребата од идентификација на културата и традицијата.
Во овој град секогаш има место за театарот, затоа со право велиме дека Фестивалот е бренд на нашиот Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави