Македонка ќе биде министерка во владата на Словенија
Емилија Стојменова, доктор на науки и професорка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.
Коалициските партии на новата словенечка Влада завчера ја договорија распределбата на министерските места во владата.
Идниот премиер Голоб, претседателката на Социјалдемократите, Тања Фајон и претседателот на партијата Левица, Лука Месец, по неколкучасовни разговори потврдија дека новата Влада ќе биде составена од 19 министерства и владина Канцеларија за дијаспората.