Олд тајмер Авто-Слалом во Прилеп
Прв олдтајмер Авто-Слалом во Прилеп, организиран од олдтајмер клубот Автомото Класика – ПРИЛЕП, со поддршка на Општина Прилеп и FIVA Македонија. Прекрасен настан за љубителите на автомобилизмот во Прилеп, одлично прилагодена стаза во населбата Точила, која беше наменета за прецизно и безбедно возење со олдтајмери од ревијален карактер. Градоначалникот упати и честитки за целокупната организација до сите автомобилски ентузијасти!