Подарок пакетче за секое новороденче во прилепската болница
Triteks донира – подарок пакетче за секое новороденче!!!
За секое новороденче родено во нашата болница Борка Талески во тековната 2025 и наредната 2026 година, прилепската компанија Тритекс ќе подарува пакетче сопстевени производи. Пакетчето се состои од бебешки пижами, бебешко боди со долг ракав, атлет бебешко боди и бебешко капче и ракавици. Од Тритекс велат : “Спакувавме две уникатни бебешки пакетчиња. Eдно за машко, едно за женско новороденче и ги подаруваме на нашата болница, како симбол на нежност и грижа уште од првиот ден. Ова не е само донација, ова е прегратка што ја праќаме до сите нови родители и нивните бебенца.”