Уреден паркот во Жабино маало
Деновиве комуналните работници извршија обновување и уредување на еден од поголемите маалски паркови во Урбаната заедница Жабино маало. Заменета е со нова старата и дотраена ограда, извршено е кастрење на дрвјата и украсните растенија, извршена е замена на бекатон плочките и поправка на детските реквизити.Паркот во Жабино маало е пример во градов како жителите од оваа населба со самоиницијатива се грижат тој секогаш да биде функционален.