Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата за референдум

Сподели на:

Референдумот е можност да се чуе народот, ги повикуваме власта и сите политички партии да ја поддржат иницијативата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако власта верува дека концептот за бугаризација и асимилација кој го турка е исправен, тогаш зошто има проблем да излезе на референдум и да го промовира тоа?

Зошто се плаши власта да му даде можност на народот да одлучи?

Потегот на Стево Пендаровски да го поддржи референдумот е добар почеток, и се надеваме дека тоа ќе го следи и СДСМ и останатите партии од власта, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Доколку тие одлучат да не го поддржат, тоа ќе значи дека се плашат од народот и дека единствена цел им е на сила да го протуркаат концептот за бугаризација и асимилација, за само да останат ден повеќе на власт.

Власта има можност да покаже разум, и да го прифати референдумот. Народот е тој кој одлучува“.

Сподели на:

Слични Објави