Карпалак 2022 оддбележан во Прилеп

Сподели на:

Денеска се одбележуваат 21 година од загинувњето на армиските припадници кај месноста Карпалак

На 8 август во 2001 година, на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак  од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што беа убиени десет припадници на Армијата.

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Претставници на политчките партии, Градоначалникот, советници, пратеници во собранието на Република Македонија и здруженија на граѓани им оддадоја почит со одлагање на свежо цвеќе на нивните вечни почивалишта и споменикот Карпалак во Прилеп.

Сподели на:

Слични Објави