Гулабоски: Корекцијата на цената на водата треба да настани после потпишувањето на договорот за користење на субвенционирана електрична енергија

Сподели на:

Денес во просториите на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп се одржа редовна брифинг средба со новинарите од нашиот град. На средбата директорот Игор Гулабоски сподели информации за актуелни теми и прашања за ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп.
-Актуелната тема, цената на водата и очекувањата за нејзината корекција имаше посебен интерес. Корекцијата на цената на водата треба да настани после потпишувањето на договорот за користење на субвенционирана електрична енергија по 95 евра по MW/h во време на енергетска криза, или попрецизно, најпрво потпишан договор со ЕСМ Продажба, одлука на УО и на крај одлука на Совет на Општина Прилеп за враќање на старата цена .
-Исто така беше опфатена и темата околу барањата на вработените за усогласување на нивната плата со минималната плата, на што директорот потенцира дека се бара законско решение со цел да може да се реализира ова нивелирање на платите на вработените.
-Интерес на новинарите беа и причините за честите дефекти на водоводната линија во град Прилеп, а причините се старата и дотраена водоводна линија која бара интензивно инвестирање и реконструирање.
-Од страна на директорот медиумите беа запознаени и со идните планови за инвестициски проекти и припреми доколку се случат промени од страна на законодавецот и дозволат јавните претпријатија основани од општините да можат да имаат фотоволтаични централи за сопствени потреби.

Ваквиот начин на транспарента работа и отвореност кон сите заинтересирани граѓани ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп ја продолжува и во иднина.

Сподели на:

Слични Објави