Засадени 4000 садници кај Алинци

Сподели на:

За денес беше организирана акција за пошумување кај месноста Алинци близу Прилеп од страна на советот на Општина Прилеп, каде и беа засадени рекорден број на садници односно 4000 садници, голем број на прилепчани на чело со советниците и Претседателот на совет на Општина Прилеп Дејан Проданоски земаа учество во акцијата за пошумување и градење на чиста и здрава животна средина. Претседателот истакна дека климатските промени придонесуваат да се загрозува природата и затоа треба да посветиме повеќе внимание на животната средина. Како Претседател на Советот на Општина Прилеп заедно со советниците, посебен акцент ставаме на животната средина, па врз основа на тоа, Советот на Општина Прилеп организираме акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија.

Нека оваа наша акција за пошумување, биде пример кој што постојано ќе го следат нашите граѓани и компаниите, бидејќи немаме резервна планета. Сите ние заедно да придонесеме за создавање на поздрава и поквалитетна животна средина, како за сите нас, така и за идните генерации.

Сподели на:

Слични Објави