СООПШТЕНИЕ по повод празникот на СВЕТИ ФАНУРИЈ
СООПШТЕНИЕ по повод празникот на СВЕТИ ФАНУРИЈ
РАСПОРЕД на богослужбите по повод празникот: Свети Кирил и Методиј Параклис и Света Петка Точила
08 септември (петок) – 🕔17:00 часот – Празнична вечерна
09 септември (сабота) – 🕖 07:00 часот – Празнична утрена со Света Литургија
09 септември (сабота) – 🕔17:00 часот – Вечерна богослужба* после завршување на службите ќе се изврши и режењето на празничниот колач – фануропита, кој во негова чест го принесуваат верниците. ДА СЕ ПОМОЛИМЕ ЗА МАЈКАТА НА СВЕТИ ФАНУРИЈ, ТА И ТОЈ ДА БИДЕ НАШ МОЛИТЕЛ ЗА НАШИТЕ ПОТРЕБИ ПРЕД БОГА.
Според преданието, мајката на свети Фануриј била блудница и свети Фануриј им ветил на сите дека ќе им помага во неволјите на сите оние кои ќе се помолат за душата на неговата покојна мајка.Од овој настан особено се развива и култот на светителот, па така сите православни христијани подготвуваат колач – фануропита, која ја посветуваат во негова чест. Фануропитата се носи во црква, каде што свештеникот ја благословува со одредени молитви за тоа. После добиениот благослов, додека јадиме од неа, се молиме за мајката на светиот Фануриј, но исто така и за онаа наша духовна и телесна поткрепа за која и сме ја посветиле. Амин.