ХАОС на патиштата, еве каде има забрана за движење
ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ:Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВОд 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.
Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ ЗИМСКА ОПРЕМА: Обавезно користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП„Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.Задолжително користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: На 24.11.2023 година после 23:00 часот на ГП-Долно Блаце, нормализиран е сообраќајот за ТМВ на излез од Р.С.Македонија.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.