Оливер Спасовски и Дарко Каевски демонстративно го напуштија состанокот на СДСМ

Сподели на:

ТЕНЗИЧНА АТМОСФЕРА ВО СДСМ: Оливер Спасовски и Дарко Каевски демонстративно го напуштија состанокот на партијата, поради листите за пратеници.

Атмосферата е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ. Состанокот разочарано го напуштил и директорот на Царина, Стефан Богоев.

СДСМ денеска на седници на Централниот и на Извршниот одбор, а потоа и на Конгрес на партијата треба да донесе одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори.

Актуелниот пратеник и портпарол Дарко Каевски испаднал од листата на кандидати на СДСМ за пратенициво првата изборна единица а на негово место ставен е директорот на Државниот Пазарен Инспекторат ,Горан Трајковски Штраус.

Еве ги и неколкуте листи на пратеници кои протекоа од состанокот:

за ИЕ4:

1. Венко Филипче 2. Јована Тренчевска 3. Миле Талевски. 4. Соња Мираковска 5. Борче Цветков. 6. Даниела Колева 7. ОО Гевгелија. 8. Лолита Ристова. 9. ЛДП Гевгелија. 10. Симона Цветановски11. Теодора Каракашева 12. Трајче Милков 13. Кети Стеванинџија 14. Јулија Иванова. 15. Антонио Мицакоски 16. Наумче Смилевски. 17. Кристина Танчева. 18. Серхан Нанушев 19. Павле Вогев 20. Илија Зероски

Сподели на:

Слични Објави