Лашкоска: За 2 години ќе биде изградена регионалната депонија кај Мечкуевци

Сподели на:

За најмногу две години ќе биде изградена регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци, најави заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска. Се чека на Европската комисија да даде зелено светло и да се започне со целата постапка која се провлекува со години. Во моментот тендерската документација за изградба е на разгледување и одобрување во Делегацијата на ЕУ.

„Очекуваме Европската комисија да ги одобри документите и тендерот да биде распишан во првата половина на месец септември. По завршувањето на тендерот, ќе следи еваулација и очекуваме изградбата на депонијата ќе заврши за година и пол. Јас велам да дадеме простор уште шест месеци, значи најмнногу за две“, изјави заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска.

Проектот изградба на регионална депонија во светиниколско чини околу 40милиони евра и 85% од средствата се од европски фондови. Нејзиното отварање ќе значи крај и за големиот број на мини депонии кои секојдневно се создаваат, потенцираше и претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион.

„Овој проект станува децениски проблем кој се развлече низ годините. Очекувам набрзо да имаме разлика во делот на забрзување на работите, конкретно во делот на изградба на оваа регионална депонија„ изјави претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, Виктор Паунов.

Изградбата на регионална депонија треба да го реши проблемот со отпадот на околу 370илјади жители. Проектот е стар една деценија, но општините се натегаа за локацијата каде да се формира, дали во близина на Куманови или Свети Николе. Светиниколчани не дозволуват да се гради депонија во близина на Мечкуевци. Велат дека камионите полни со ѓубре ќе загадуваат и ќе ја уништуваат патната инфраструктура.

Сподели на:

Слични Објави