Активни се 9 пожари, еве на кои места гори

Сподели на:

Во текот на денешниот ден, до 19 часот, имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се девет, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп. Најактивен е кај селата Штавица, Крушевица, Пештани и Прилепец, каде горат нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Во општина Чашка, активен е пожарот на подрачјето на село Ораов Дол, каде гори мешана шума.Мешана шума гори и на територија на општина Чучер Сандево, на подрачјето на село Танушевци, место викано „Рамно“.Нискостеблеста шума гори во општина Петровец, кај селата Брезница, Градманци и Катланово.Мешана шума и сува трева горат во општините Долнени и Сарај, во регионите на селата Десово и Буковиќ.Ниска шума и сува трева горат во тетовското село Новаќе. Сува трева гори во кумановско Романовце.

Последниот активен пожар е во штипското подрачје, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци, Топлик, како и кај полигонот „Криволак“. Горат нискостеблеста шума, смреки и сува трева.

Сподели на:

Слични Објави