Градинката во Точила од денес е реалност!

Сподели на:

Општина Прилеп добива современа градинка за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. На денешното отварање на градинката Бајка во населбата Точила присуствуваше и министерот Ѓоко Велковски.

Градинката ќе згрижува дечиња од девет (9) месеци до шест (6) годишна возраст, односно до поаѓање во основно училиште, организирани во единаесет (11) групи, односно може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест (6) години, од поаѓање во основно училиште до десет (10) години возраст, согласно Законот за заштита на децата

Објектот е со капацитет за 218 дечиња и нето корисна површина од 3558м² и двор од 1748м²

Опремувањето на објектот е инвестиција на Министерството за социјална политика демографија и млади во износ од 9.286.692 денари.

Целта е континуирано да се зголемуваат капацитетите за згрижување и воспитување на децата.

Сподели на:

Слични Објави