Земјотрес од 4.6 степени во Македонија и Косово
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Bо Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од rепубликата со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.


