Со голема победа Македонија утре патува во Романија

Сподели на:

Македонската ракометна репрезентација, со помош на публиката во полната сала Борис Трајкоски оствари голема победа со разлика од осум гола. Натпреварот беше решен уште на почетокот кога Македонија поведе со три гола разлика на полувреме односно 16:13.

Во вториот дел гледавме вистинско шоу на македонската репрезентација, со атрактивни погодоци и цепелини. Во последните минути комплетно се распадна играта на Романија, а ние тоа го искористивме за победа од 30:22.

Ракометар на мечот беше Талески со 10 гола,  Кирил Лазаров  и Филип Кузмановски  дадоа по седум гола.

Сподели на:

Слични Објави