Досега нема кривична пријава поврзана со „Конти“, граѓаните да внимаваат при вложување пари во вакви апликации
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава поврзани со „Конти“. Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат…