Четворица прилепчани на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница, а во овие моменти привршува и седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.Посочи дека ова се победнички листи и се надеваат на мнозинската поддршка од граѓаните на Република Македонија.
-Овие избори се всушност одлука за тоа каква Македонија сакаме. Нивната, таа на власта, затворена, омаловажена, криминализирана, или онаа Македонија каква народот ја сака, и за каква се бориме. Македонија со надеж, иднина и сигурност. Македонија која ќе биде повторно на народот, институциите ќе бидат функционални, системот ќе биде нормализиран. Народот бара и очекува одговорност, бара и очекува принципи и враќање на вредностите во политиката. Ова се победнички пратенички листи, а при нивното составување се водеше сметка за гласот на народот, нивните барања и потреби, нагласи Муцунски.
На листата од четвртата изборна единица има четворица прилепчани: 4. Дејан Проданоски, 7.Петар Ристески, 13.Билјана Кузманоска, 20.Никола Златески.
ИЕ 4
1. Александар Николоски
2. Антонијо Милошоски
3. Ели Панова
4. Дејан Проданоски
5. Зоран Јованчев
6. Ангелинка Петкова
7. Петар Ристески
8. Златко Пенков
9. Моника Ристеска
10. Јулија Тушева
11. Жан Дрвошанов
12. Петар Марков
13. Билјана Кузмановска
14. Весна Ѓорѓиева
15. Мито Андонов
16. Јадранка Поцкова
17. Наталија Димитриева
18. Гоце Дединец
19. Сашо Граороски
20. Никола Златески