Денес гласаат 68 штитеници од Домот за стари лица во Прилеп
Непречено се одвива гласањето на штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп за првиот круг од Претседателските избори. Правото на глас во Домот денеска го остваруваат 68 штитеници.-Гласачкото место 1419 во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ е отворено од 7 часот и правото на глас ќе се остварува до 19 часот. Гласањето е непречено и се одвива без проблеми, изјави Магдалена Лазоска, претседател на избирачкиот одбор на ова гласачко место.
Своето право на глас го оствари и Благоја Богданоски, штитеник во Домот. -Бев на гласање и го остварив своето право. Сѐ се одвива без проблеми и нема никакви притисоци од никого. Очекувам за нас мирни денови во Домот, подобри пензии и подобро да им биде на младите, рече Богданоски.Од 68 штитеници во Домот кои денеска гласаат, 27 се од Прилеп, а останатите се од други општини.Денеска во Прилеп гласаат и 291 немоќно и изнемоштено лице, како и 104 затвореници од прилепскиот затвор.