“Ѓорче Петров” – Прилеп, во полн сјај во новата учебна година

Сподели на:

Средното општинско училиште “Ѓорче Петров” – Прилеп, во полн сјај во новата учебна година.

Имав прилика денес да ги посетам нашите идни доктори, фризери, козметичари и техничари и заедно со директорката и раководниот тим на училиштето, да се уверам дека наставата се одвива во одлични услови. Хортикултурно уредено, реновирани кабинети и подобрени условите за изведување на теоретска и практична настава. Со инфраструктурни уредувања и други тековни активности во сите средни и основни училишта продолжуваме и во наредниот период, затоа што подобрувањето на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца изјави Градоначалникот Борче Јовчески при посетата на училиштето.

Сподели на:

Слични Објави