Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски

Сподели на:

Ковачевски и Османи цел ден молчат за асимилаторскиот говор на Џамбаски, за да им поминуваат криминалите согласни се со сите кои имаат аспирации кон Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.-Ангел Џамбаски сред Скопје ја негираше македонската држава и народ, а од МНР и Владата молчат. За осуда и протесна нота за ваков инцидент не треба да се чека ниту 5 минути, а не цел ден. Што чекаат Ковачевски и Османи и од што се плашат? Или можеби се согласуваат со Џамбаски, ако се согласуваат чесно е да кажат. Со Ковачевски и Османи имаме само негации. Додека тие се фокусирани на тендери, политичари со шовинистички говори го навредуваат народот и државата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Срамен е молкот од власта. Владата на СДС и ДУИ е неспособна да ја штити државата, затоа треба што поскоро да си замине. Потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги брани националните интереси и ќе работи на развој на државата, додаваат од таму.

Сподели на:

Слични Објави