Кузманоска: 7 години двата авиони беа вон функција и без пилоти!
На собраниската комисија во Собранието на Република Македонија, пратеничката Билјана Кузманоска со својот говор “распали” по СДСМ при што обвини дека токму во време на СДСМ, 7 години двата авиони за гаснење на пожари беа вон функција и без пилоти!
– 7 години СДС не инвестираше во возила за гаснење на пожари и во технички средства! -7 години секое лето државата се пеплосуваше, а СДС не мрдна со прст! -Кога беа најголемите пожари, државата доби помош дури од Австрија, а Заев како премиер се сончаше и не дојде во Македонија! -ВМРО-ДПМНЕ сега од ништо прави нешто, ja крева државата од пепелта во која ja оставија СДС и ДУИ! – порача Кузманоска.