Македонците во Грција: Гужва на ГП „Богородица“ за излез од државата

Сподели на:

Македонците и овој продолжен викенд ќе го поминат во Грција: Гужва на ГП „Богородица“ за излез од државата. На граничниот премин „Богородица“ попладнево за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, известуваат од Авто-мото сојуз на Македонија.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели на:

Слични Објави